Насловна / Вести / Промена на инфраструктурата на улиците Васил Брклевски и Стара Чешма во Битола

Промена на инфраструктурата на улиците Васил Брклевски и Стара Чешма во Битола

g. orizari 4

На улиците Васил Брклевски и краците од улицата Стара Чешма во Горно Оризари во Битола започнаа инфраструктурните активности, со што на улицата Васил Брклевски е извршена изградба на мешовита канализација, ќе се извршува изградба на водоводна и хидрантска мрежа и на крај изградба на коловоз.

Истите активности ќе се извршуваат и на краците од улицата Стара Чешма.

„Често пати кога се среќаваме овде со мештаните, укажувано ни е ова како голема потреба, бидејќи имаат проблеми со канализацијата, водоводната мрежа и се разбира и патната инфраструктура. Оваа година во ова место одлучивме заедно со Советот на Општина Битола дека ова е приоритет и се надевам дека до крајот на оваа градежна сезона сето ова ќе се заврши“, нагласи градоначалникот Талески.g. orizari 3

Вредноста на мешовитата канализација изнесува околу 1.8 милиони денари за двете улици како еден проект. Истата вредност ја има и водоводната и хидрантската мрежа, а додека коловозот е во вредност од околу 10 милиони денари. Вкупната вредност на овој проект е приближно 13.5 милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top