Насловна / Архитектура / Иновативно планинско засолниште во Словенија

Иновативно планинско засолниште во Словенија

слика-1

На највисоката точка на планините во Камник, Словенија архитектонското студио Ofis во соработка со студентите по дизајн од универзитетот Харвард проектираа планинско засолниште. Иновативното и практичното засолниште е наменето за екстремните алпинисти и планинари и претставува симбол на основната човечка потреба-да се засолни. Во студентското студио наречено ,,Живеалиште во екстремни услови” најдобар дизајн понудиле студентите Frederick Kim, Katie MacDonald и Erin Pellegrino, чиј што проект подоцна го завршува љубљанското архитектонско студио. Главниот продукт е објект кој што има минимално влијание врз околината, отпорен е на временските услови и е целосно вклопен во карпестиот предел.

слика-2 слика-3 слика-4 слика-5 слика-6

Испрати коментар

Scroll To Top