Насловна / Архитектура / Прогласени добитниците на Глобалната награда за одржлива архитектура 2019

Прогласени добитниците на Глобалната награда за одржлива архитектура 2019

Розана Монтиел ја доби овогодишната награда за одржлива архитектура  (Global Award for Sustainable Architecture 2019) заедно со Werner Sobek, Ersen Gürsel, Ammar Khammash и Jorge Lobos. Доделувањето на наградата е закажано за 13ти мај 2019 година во Париз.

Ова признание е востановено од страна на архитектот и академик Jana Revedin во 2006 година, и се доделува секоја година на петмина архитекти кои придонеле за поеднаков и одржлив развој и креирале иновативен и партиципативен пристап со цел пресретнување на потребите на општеството.

Глобалната награда е признаена како откривање на талентите на 21-виот век, а доосега биле наградени многу познати архитекти меѓу кои Wang Shu, Alejandro Aravena, Carin Smuts, Francis Kéré, Al Borde, Assemble, Rotor, Jain Bijoy и Marta Maccaglia.

award1

avard2

award3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top