Насловна / Арт и дизајн / Прогласен потесниот избор за Тарнеровата награда за 2015 година

Прогласен потесниот избор за Тарнеровата награда за 2015 година

TARNEROVA NAGRADA 2015

Уметниците Бони Камплин (Bonnie Camplin), Никол Вермерс (Nicole Wermers) и Џенис Карбел (Janice Kerbel), со лондонскиот колектив Есембл (Assemble), се во потесниот избор за овогодишната Тарнерова награда, вредна 25.000 фунти, која ќе биде доделена во декември во Глазгов.

TARNEROVA NAGRADA 2015

Групна фотографија на „Есембл колектив“ во Ливерпул (2014)
Обложувачите веќе ги именуваа фаворитите, а тоа е лондонскиот колектив Есембл, кој е номиниран за проекти на соработка со локалното население, вклучувајќи ја трансормацијата на една станбена населба во Ливерпул во „простор во кој луѓето навистина сакаат да живеат“. Се работи за колектив од најмалку 20 членови, кој работи со различни заедници и во Глазгов, занимавајќи се со уметност, дизајн и архитектура.
Според наводите на галерија „Тејт“, која го организира доделувањето на наградата Тарнер, Есембл дејствува како „модернистички колектив од 30-тите години на 20 век“.
„Имаат секојдневна рсправа за проектите и не можеа дури ни да ја прифатат номинацијата (за Тарнер) додека сите тоа не го прифатија“, изјавила директорката на „Тејт Британ“ Пенелопа Кертис (Penelope Curtis), на прогласувањето на номинираните.

TARNEROVA NAGRADA 2015 (5)

Џенис Карбел, Doug, (2014)
Уметницата Никол Вермерс, родена во Германија, е номинирана за трудот во потрошувачката култура „Инфраструктур“, кој го сочинуваат дизајнирани столици „наметнати“ со бунди. Таа креира скулптури, колажи и инсталации со кои ја истражува апсопцијата на уметноста и дизајнот во потрошувачката култура.
Лондонската уметница Бони Камплин е номинирана за трудот „Воен индустриски комплекс“, кој ја проблематизира идејата за „реалност на консензусот“ и начинот на кој таа се формира. Инспирација за ова нашла во широкиот спектар на дисциплини – од физика, преку психологија, квантна теорија, до магија и војна.TARNEROVA NAGRADA 2015 (6)

TARNEROVA NAGRADA 2015 (7)

Николс Вермерс, Инфра-структур“, (2015)
Џенис Карбел, која е родена во Канада а живее во Лондон, е номинирана за перформансот „Doug” – хроника на девет катастрофални настани во животот на една личност. Како инспирација ѝ послужиле либрета од историјата на операта, стратегијата на физичката комедија, и насилството во анимираните филмови. Нејзиното дело е составено од девет песни за шест гласови, кое го наменила за изведување во библиотеката Мичел во Глазгов. Инаку, нејзино прво значајно дело е проектот „Bank Job“ од 1999 година – амбициозен и детално разработен план за грабеж на ексклузивна приватна банка Coutts & Co.

TARNEROVA NAGRADA 2015 (4)
За наградата Тарнер можеа да бидат номинирани уметници до 50 години страрост, кои работат во Велика Британија, а имале извонредни изложби или други презентации во изминатите 12 месеци. Наградниот фонд е вкупно 40.000 фунти, со тоа што добитникот добива 25.000, а финалистите по 5.000 фунти.
Изложбата на номинираните за Тарнер 2015, ќе биде отворена на 1 октомври оваа година и ќе трае до 17 јануари следната, во изложбениот простор Tramway во Глазгов. Прогласување на добитникот е најавено за 7 декември.

TARNEROVA NAGRADA 2015 (2)

Бони Камплин, Animus Mundi, (2012)
Минатата година наградата Тарнер ја доби Данкан Камбел (Duncan Campbell), за водеото “It for Others”, кое реферира на историски документарец за афричката уметност и колонијализмот “Statues Also Die” (1953) на Крис Маркер (Chris Marker) и Алан Рене (Alain Resnais). Меѓу досегашните добитници на оваа престижна награда, која традиционално ја следат контроверзни реакции, се и Демјен Хирст (Damien Hirst), Аниш Капур (Anish Kapoor) и Желберт и Џорџ (Gilbert and George).

Испрати коментар

Scroll To Top