Насловна / Вести / Проект за засадување милијарда нови дрвја во Пакистан

Проект за засадување милијарда нови дрвја во Пакистан

пакистан-2

Владата на Пакистан објави дека планира да засади една милијарда дрвја во провинцијата Khyber, со цел повторно да ја заживее таа област на која порано постоела шума. Нападите на Соединетите Американски Држави, нелегалните дрвосечачи и Талибанците придонеле за уништување на шумата во која преовладувале бор, ела и смрека. Свесни за климатските промени и ерозијата на земјиштето, Владата вложила 150 милиони долари за засад на дрвја. Се очекува дека ваквиот потег ќе придонесе за развојот на бизнисот во овој регион.

 

Испрати коментар

Scroll To Top