Насловна / Архитектура / Проект “Amou” од француското архитектонско студио Dank Architectes

Проект “Amou” од француското архитектонско студио Dank Architectes

Проект Amou (6)
Проектот наречен Amou опфаќа реновирање на објект од 160 м², сместен во станбена населба во градот Лион, Франција. Модифицираната основа со отворен план е дизајнирана за четиричлено семејство, чија примарна желба била конверзијата на поткровјето во ефикасни и функционални простори. Целокупниот концепт се сведува на отворање на приземјето, рушејќи ги постоечките преградни ѕидови и позиционирање на спалната соба во горниот кат.

Проект Amou (5)
На приземјето, со имплементација на големата сива структура во средината на просторот, се одделуваат влезниот претпростор и дневниот престој. Оваа структура претставува составен дел од ентериерното уредување, давајќи му функција на остатокот од просторот како ѕид за складирање во влезниот дел, перална и остава во средината и библиотека во поинтимниот дел, т.е. дневниот престој.

Проект Amou (3)

Трпезаријата и кујната се позиционирани во непосредна близина на француските прозорци, кои со својата двојна висина нудат непречени пејзажни согледувања.

Проект Amou (4)
Конструкцијата на скалиштето е изведена од индустриски профили, додека скалниците се одликуваат со дрвена обработка. Дизајнот на трпезариската маса е изработен како имитација на изгледот на скалиштето, претставувајќи специфичен, впечатлив елемент, кој иако различен, целосно се вклопува во контекстот на останатите структури од отвореното приземје.

Проект Amou (2) Проект Amou (1)

Испрати коментар

Scroll To Top