Насловна / Архитектура / Куќа 4in1 од Clavel Arquitectos

Куќа 4in1 од Clavel Arquitectos

Куќа 4in1 (5)
Објектот е ситуиран во пријатна, тивка резиденцијална населба, на врвот на пошумено ритче во предградието на градот Мурсија, Шпанија. Анализирајќи го објектот од архитектонски аспект се согледува дека просторот располага со четири начини на престој, според што и самиот објект го добил своето име. Овие четири начини просторно и конструктивно ја квалификуваат целината:
Куќа 4in1 (3)Куќа 4in1 (2)
Релаксирачко доживување. Подрумскиот дел, осветлен од зенитни отвори, ја дефинира сцената за игра и забава. Предизвикот започнува на паркингот, од каде преку страничен прозорец се согледува водната површина на базенот. Поплочувањето, изработено од текстуриран бетон, ја означува конекцијата помеѓу објектот и партерот. Ова ниво, во форма на цикцак пукнатина, ги сместува колскиот пристап и гаражата.Куќа 4in1 (6)
Престојување. Приземјето се состои од бетонска структура во форма на „С“, ориентирана кон запад и отворајќи се кон приватниот атриум. Доминантното конзолно исфрлање на покривката создава интермедијарна зона помеѓу внатрешноста и надворешноста, совршена за уживање во домашниот амбиент.Куќа 4in1 (4)
Автономно искуство на престој. Трет сегмент на проектот претставува боениот стаклен волумен, вграден во бетонската „С“ структура, кој функционира како приватна, интимна работна просторија, минимална единица во однос на целината.Куќа 4in1 (1)
Чувство на гостин. Овој сегмент е позициониран во дополнителен волумен во форма на „С“, ориентиран кон исток, со цел да ги обезбеди најраните пејзажни визури кон изгрејсонцето и шумското зеленило. Со изглед на приватен хотел, се состои од серија на соби и заеднички простор во корелација со вертикалното комуникациско јадро. Надворешниот волумен е обложен со керамички плочки кои ја извртуваат реалната перцепција за целината. Структурално, објектот е конструиран со 37-метарска носечка греда која ги совладува големите распони и воедно ја карактеризира фронталната фасада на објектот.Куќа 4in1 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top