Насловна / Вести / Продолжен конкурсот за идејно решение за салата „Градски Парк“

Продолжен конкурсот за идејно решение за салата „Градски Парк“

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, го продолжи конкурсот за изработка на идејно решение за повеќенаменската спортска сала „Градски Парк“.

Во образложението стои дека рокот за аплицирање е продолжен поради големиот интерес на архитектите и поради настојувањето да се добие најквалитетно решение и да учествуваат што поголем број лица. Така, рокот за изработка на идејното решение ќе биде до први септември.работнички

Оваа сала со капацитет од 3.000 гледачи ќе биде новиот дом на најтрофејниот клуб КК „Работнички“ и ќе се наоѓа на местото на сегашната сала и поширокото окружување.

Салата ќе биде проектирана како повеќенаменска, изградена по сите светски стандарди за овој тип градби. Во неа ќе се одржуваат тренинзи и натпревари за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, боречки вештини и тенис.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top