Насловна / Вести / Евтина дневна тарифа на струјата само за сиромашните

Евтина дневна тарифа на струјата само за сиромашните

Energetska zaednica JaNEZ kOPAC

Ефтина дневна тарифа на електрична енергија може да им се обезбеди само на социјално ранливите категории,  а ваквата мерка не треба да трае подолго од две години, предупредува директорот на Секретаријатот на  Европската енергетска заедница, Јанез Копач.Тој додаде  дека трошоците за спроведување на мерката не смеат да бидат на товар на енергетските компании, туку ќе треба да се покријат со средства од јавниот буџет.

Energetska zaednica

Европската енергетска заедница веќе има покренато две постапки против Македонија затоа што претходната Влада не ги испочитува обврските од договорот за Енергетска заедница. Претставките ќе бидат разгледувани на советот на министри на Европа до крајот на годинава. Земјава може да се соочи со санкции затоа што ја одложи либерализацијата на пазарот со струја за пет години. Во своето  изглагање  Копач со отворени забелешки кон Министерството за економија, односно Секторот за енергетика во ова министерство. Поради несоодветната екипираност, Министерството не може да одговори на поставените задачи, заклучи Копач.

 

 

Еден коментар

  1. Без фолирање, МКД тешко да стане дел од ЕУ во наредните 25-30 години, така што може Владата веднаш да воведе ефтина тарифа за сите граѓани на РМ 24/7!!!

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top