Насловна / Вести / Пристоп – седиште на креативни агенции, Љубљана

Пристоп – седиште на креативни агенции, Љубљана

Локација: Љубљана, Словенија

Клиент: Пристоп, ДОО

Година на изведба: 2021

Програма: деловен простор/канцеларии

Квадратура: 2.400 m2

Архитектура: Огнен Арсов, Ана Коси, Барбара Жункович, Жига Рошер, Сара Шкарица, Ајда Мерславич

Фотографии: Ана Скобе, Миран Камбич

Pristop_foto-anaskobe (40)

Новите простории, со површина од 2.400 квадратни метри на маркетиншката агенција Пристоп од Љубљана се лоцирани во модерен станбено-деловен објект во центарот на Љубљана. Со своите 80 метри во должина и околу 30 метри во ширина просторот е поделен на два дела. Во периметралниот, светол дел на просторот се нанижани канцелариите со местата за работа, додека во длабокиот и темен дел во централниот дел на просторот сместени се заедничките простории (собите за состаноци, приемниот хол, просториите за дружење), комуникациите и сервисниот дел.

Pristop_foto-anaskobe (42)

Pristop_foto-anaskobe (34)

Просторите на агенцијата на некој начин се засновани како да се прелеваат еден во друг без строга линија, којашто ги одделува канцелариите од заедничките простории и комуникациите. Тоа беше и основната идеја – да се направи еден целосен простор во кој би доминирала неговата големина (простор, кој на почетокот требаше дури и да биде „океански“ – поотворен, со што помалку преградни ѕидови помеѓу работните места). Сето тоа во текот на процесот на проектирање и изведбата доживеа одредени помали или поголеми измени во самата основа на концептот.

Pristop_foto-anaskobe (32)

Pristop_foto-anaskobe (22)

За мене работата на овој проект беше пример како ентериерот, како дел од архитектурата кој има најбрз одзивен час во своето раѓање, се менуваше со онаа брзина со која што и КОВИД-кризата го менуваше просторот и го промени светот. Како резултат на тоа најголемите промени на отвореноста и поврзаноста беа направени со повторното воведување на ѕидови, со кои се разделува просторот – во најголемиот дел од стакло за на тој начин сепак да ја зачуваме неговата визуелна целовитост.

Pristop_foto-anaskobe (16)

Pristop_foto-anaskobe (7)

Канцелариите на агенцијата Пристоп се систематично дизајнирани како голем, светол и креативен пејзаж.

Системот е составен од повеќе слоеви: 1) постоечки скелет од армиранобетонски столбови со бетонските јадра; 2) униформиран бетонски или т.н. „индустриски“ под; 3) мрежа од бели гипсено-картонски „греди“ или „превртени парапети“ под таванот од виден бетон во коишто се фиксирани преградните системи; 4) преградни системи на ѕидови изведени од „сурови“ материјали (молерисани на бело глинени цигли, шперплоча, копилит стакло, стаклени ѕидови, завеси, осовинско вртливи ѕидови од профилирана градежна лимарина; 5) системски вграден мебел, уникатно дизајниран; 6) каталошки дизајн-мебел како акцент во дадени простории и 7) уникатно дизајнирани и интровертирани темни простори (санитариите, собите за состаноци, конференциската соба…) како контрапункт на светлиот „пејзаж“.

Pristop_foto-anaskobe (20)

Со суровите индустриски материјали сакавме да создадеме простор што е намерно „недовршен“ – токму онаков како што ѝ доликува на креативна агенција што има потреба од своja константнa реинвенција.

Автор: Огнен АРСОВ, дипл. инж. арх.

(Специјално за Порта 3 од Љубљана)

Pristop_foto-anaskobe (8)

Pristop_foto-anaskobe (19)

Pristop_foto-anaskobe (18)

Pristop_foto-anaskobe (2)

Pristop_foto-anaskobe (25)

Pristop_foto-anaskobe (11)

 

Испрати коментар

Scroll To Top