Насловна / Архитектура / Природонаучен музеј “Perot” од архитектонското студио Morphosis

Природонаучен музеј “Perot” од архитектонското студио Morphosis

Perot_Museum_Morphosis (5)
Основачот на архитектонското студио Morphosis го конципирал објектот како монументална коцка произлезена од серија на неколку пејзажно обликувани пониски низи/платформи, дизајнирани во соработка со пејзажните архитекти од Talley Associates, покриени со камени делови и сува вегетација кои се карактеристични за пејзажот на Тексас. Со својот дизајн, музејот се стреми кон постигнување на највисоките возможни стандарди на самоодржливост за објект од овој тип, со цел  да создаде нова структура која ќе го минимизира  нејзиното негативно влијание кон опкружувањето.
Perot_Museum_Morphosis (1)
Perot_Museum_Morphosis (4)
Perot_Museum_Morphosis (6)
Perot_Museum_Morphosis (3)
Природонаучниот музеј примарно се дефинира како јавен објект – значаен атрактор кој неминовно му припаѓа на градското опкружување. Тој претставува место за размена, кое во себе негува знаење, презентира информации и пренесува идеи. Јавноста се перципира како интегрален елемент на музејот исто како што и музејот за целиот град.
Perot_Museum_Morphosis (2)

 

Испрати коментар

Scroll To Top