Насловна / Архитектура / Презентација на студентски визии и идеи за урбанистичкиот развој на Куманово

Презентација на студентски визии и идеи за урбанистичкиот развој на Куманово

Во понеделник (6 февруари), со почеток во 10 часот, во просториите на зградата на Комитет во Куманово, ќе има презентација на студентски визии и идеи за урбанистичкиот развој на град Куманово, период 2017-2027 година.

Организатор на настанот е Архитектонскиот Факултет од Скопје, УКИМ, заедно со Општина Куманово, ТАЈФА Архитекти ДООЕЛ и ПРОСТОР ДОО.UO2_2016-2017_DNEVEN_RED

Се работи за задача која студентите ја добија по предметот Уранистичко обликување 2, во 9 семестар, со идеја на поставување основи на стратешко планирање, односно креирање визии, изработување стратегија и проекти за современ одржлив град.

Испрати коментар

Scroll To Top