Насловна / Архитектура / Претворање на катни гаражи во станбени блокови

Претворање на катни гаражи во станбени блокови

Најновиот идеен проект за MINI Living концептот на домување, содржи станбени единици направени од транспортни контејнери кои се наоѓаат во рамки на адаптирана повеќекатна гаража. Park House е проект на американската компанија  KTGY Architecture + Planning  кој подразбира трансформација на просторот на неискористените паркинг гаражи, односно да се искористи самата конструкција за сместување на станбени единици кои ќе бидат изградени од индустриски транспортни контејнери. Секоја единица би се состоела од три транспортни контејнери, со чие комбинирање би се формирале станови со површина до 89 квадратни метри, опремени со бања и кујнски елементи. Предлогот на компанијата KTGY Architecture + Planning  подразбира отстранување на страничните панели од контејнерите, за да се отвори конструкцијата. Таа би се зајакнала со челични греди и монтажни ѕидови, кои би го одвојувале просторот на различни делови. Малиот простор под секој контејнер би овозможил инсталирање на водовод и електрична енергија. Потоа, станбените единици би биле „приклучени“ на страната на неискористените катни гаражи, една покрај друга, создавајќи низа од станови. Судејќи според KTGY Architecture + Planning, погодните гаражни конструкции за адаптирање се оние со поголем број катови. Во текот на реализацијата, односно адаптацијата на просторот, ќе биде изграден и двор, со цел да се создаде социјален простор за станарите и да се обезбеди природна светлина за становите. Секој стан би имал свој приватен отворен простор налик на тераса, кој би бил така поставен за да обезбеди одреден степен на варијација на фасадата. Проектот има за цел да пружи економичен и еколошки одржлив начин на обезбедување  ефтини станови.

parkhouse1

Park House_storyboard.indd

park house3

Print

park house5

Park House_storyboard.indd

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top