Насловна / Архитектура / Премиум германскиот бренд Vaillant го зацврстува своето присуство на пазарот во Северна Македонија со отворање на свое претставништво.

Премиум германскиот бренд Vaillant го зацврстува своето присуство на пазарот во Северна Македонија со отворање на свое претставништво.

Познатиот бренд за системи за греење и ладење Vaillant веќе многу години е присутен и на нашиот пазар. Со себе носи долгогодишно интернационално искуство, германски квалитет, најсовремена технологија и брзи услуги. Новите простории се наоѓаат во Скопје, населба Влае, на улица 1606 број 2/ локал 13.

Токму овде, на 21.09.2022 во присуство на голем број гости, како и генералниот директор на Ваилант Македонија – Деан Наумовски и директорот за Југоисточна Европа – Марио Опачак, лентата ја пресече Амбасадорката на Република Германија – Анке Холштајн.

7 (1)

5 (1)

3 (1)

Vaillant е водечки европски производител и бренд кој на корисниците ширум светот им нуди енергетски ефикасни, иновативни и еколошки прифатливи системи за греење, ладење и вентилација со акцент на обновливи извори на енергија.

11*Vaillant топлинска пумпа aroTHERM plus

Во 2015 година Vaillant ја доби германската награда за одржливост. Од тогаш па се до денес неговите вработени продолжија да се залагаат за заштитата на климата преку креирањето еколошки решенија за греење, ладење и вентилација. Нивната цел е грижата за подобра клима внатре во секој дом и светот околу него. Оваа цел ја применуваат уште од основањето на компанијата во 1874 година. Vaillant производите работат на принципот на трансформација на енергијата во топлина на најефикасен можен начин. Со иновативни производи и решенија што штедат енергија, Vaillant  им овозможува на клиентите да се загреваат на ефикасен и еколошки начин, со што придонесува кон постигнување на целите во борбата со климатските промени.

Главни предности на оваа компанија се брзата дистрибуција на оригинални резервни делови и широка распространета мрежа на партнери. Со нов деловен простор, едукациски центар за партнерите и изложбен салон, Vaillant ги поставува темелите за долгогодишнa соработка со своите купувачи, партнери и соработници. За да овозможи најдобра можна услуга за крајните корисници на сите пазари Vaillant успешно соработува и со домашните партнери.

Производната програма на Vaillant опфаќа широк опсег кој вклучува: топлински пумпи, високоефикасни кондензациски уреди на гас за греење и подготовка на санитарна топла вода, соларни системи, рекуператори на воздух, електрични уреди за греење и санитарна топла вода, клима уреди, радијатори како и комплетен програм за регулација.

22*Vaillant photovoltaic auroPOWER                            

33*Vaillant електрични уреди за греење eloBLOCK

Топлинските пумпи на Vaillant, едни од водечките производи според продажбата на домашниот и европскиот пазар им нудат бројни предности на своите клиенти како: одржливост (ја намалуваат емисијата на CO2 во споредба со греењето со фосилни горива); удобност (нудат максимална удобност за греење, ладење и подготовка на топла вода); заштеда  (користат обновливи извори на енергија од природни ресурси земја, вода или воздух при што само 25% од вкупната енергија која ја користат е електрична енергија); ниско ниво на бучава (топлинските пумпи се едни од најтивките на пазарот, совршени за користење во густо населени области).

Побарувачката на Vaillant топлинските пумпи на европскиот пазар се зголеми за 50 проценти минатата година. Со продажба од над 2,5 милиони единици за централно греење и речиси еден милион котли за централно греење, компанијата дополнително ја прошири својата позиција како лидер на глобалниот пазар. Благодарение на ова Vaillant планира и понатаму значително да инвестира во натамошното унапредување и проширување на производната палета.

Растот на побарувачката на ѕидните кондензациски уреди на гас претходната година, исто така ја зацврсти водечката позиција на Vaillant во производство и продажба на котлите на гас. Во исто време, групацијата Vaillant го доби својот прв сертификат за кондензациски котел на гас кој може да работи на чист водород.

44*Vaillant котел на гас ecoTEC plus

Концернот Vaillant Group e основан 1874 година во Ремшајд, Германија и ден денес е во 100 – процентна сопственост на семејството Ваилант. Во 1992 година беше отворено претставништвoто во Загреб, Хрватска, во исто време задолжено и за словенскиот пазар. Сега, компанијата Vaillant има свои седишта и во Љубљана, Сараево, Белград и Скопје. Фирмата – ќерка во Хрватска е задолжена и за пазарите во Црна Гора, Косово и Албанија.

Со своите производи и услуги Vaillant ја максимизира удобноста на современото живеење и на тој начин нуди најдобри одржливи решенија за своите еколошки освестени корисници.

Vaillant – создадете удобност во Вашиот дом, во зима и во лето!

1 (1)

2 (1)

 

download

Ваиллант Дооел Скопје

Ул. 1606 Бр. 2/локал 13, Скопје

Комерцијален текст

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top