Насловна / Вести / Преминот на Кина на електричен превоз, ќе стави крај на ерата на нафтата?

Преминот на Кина на електричен превоз, ќе стави крај на ерата на нафтата?

Се проценува дека наглиот премин на електрични возила кој ќе го предводи Кина, ќе го намали глобалниот раст на побарувачката на нафта за 70% до 2030 година, и ќе ја заврши ерата на нафтата. Тоа го покажа истражувањето на консултантската куќа Carbon Tracker. За 10 години, Кина би можела да заштеди над 80 милијарди долари за увоз на нафта годишно, благодарение на конкурентните возила со погон на нови извори на енергија, објавува Carbon Tracker. Пресметката се базира на „конзервативното“ сценарио на Меѓународната агенција за енергија (IAE), која предвидува дека електричните возила до 2030 година ќе сочинуваат 40% од вкупната кинеска продажба на автомобили и 20% од продажбата во Индија и другите пазари во развој. Трошокот за увоз на нафта потребна за производство на гориво за просечен автомобил, е десет пати поголема од трошокот за набака на соларна опрема потребна за производство на електрична енергија за погон на електрично возило. Електричните возила играат клучна улога во настојувањата на Кина да ја намали емисијата на штетни гасови кои ја менуваат климата, и подобрување на квалитетот на воздухот во градовите. Индија исто така поставила амбициозни цели за продажба на такви возила до 2030 година. Кина сеуште не одредила кога точно ќе го забрани производството и продажбата на традиционалните автомобили, но се проценува дека до 2035 година електричните возила ќе сочинуваат половина од сите нови автомобили, додека другата половина ќе бидат хибриди.

EV1

EV2

 

Испрати коментар

Scroll To Top