Насловна / Арт и дизајн / Скопје Фото Недела /SPW2020/ 23-24 ноември

Скопје Фото Недела /SPW2020/ 23-24 ноември

„Skopje Photo Week”(Скопје Фото Недела) е дигитален настан за фотографи и видеографи кој ќе се одржи од 23 – 24 ноември.  Овој настан е петти по ред во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент (Полска) кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа одржани под името (ISPV)-International Summit of Photographers & Videographers, овој пат со ново име и концепт Skopje Photo Week(SPW2020). Петта година по ред, Скопје е домаќин и инспиратор на најдобрите фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност.

sk1_resize

Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките зазаштита од ковид-19, oвој есенски самит ќе се реализира благодарение на современата технологија (оnline).

Скопје ќе биде домаќин на најдобрите фотографи, чија инспирација отвора нови хоризонти на дигитална и модерна уметност. Сега ја имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на работа и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. #SPW2020

Повеќе за ова на сајтот http://skopjephotoweek.com/ каде може да се следи настанот.

Испрати коментар

Scroll To Top