Насловна / Вести / Преку гасификација и инвестиции во енергетските извори до помала потрошувачка на струја

Преку гасификација и инвестиции во енергетските извори до помала потрошувачка на струја

energetski predizvici na makedonija2
Домаќинствата во Македонија трошат повеќе од 44 отсто од вкупно потрошената електрична енергија во земјава, од кои најголем дел за греење. Наш фокус ќе биде да најдеме алтернативи и да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија за греење преку гасификација и инвестиции во енергетските извори.

Ова го порача претседателот на новоформираното Здружение на енергетика при Стопанската комора на Македонија, Ристо Јаневски, пред почетокот на неговата прва работна средба и  Конференцијата за енергетските предизвици на државата.

– Денеска ја организираме првата конференција на Здружението за да ги запознаеме стопанските субјекти со предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор во Република Македонија и неговата одржливост во иднината. Целта на Здружението и на целиот енергетски сектор е да се изнајдат добри решенија, да се најдат инвестиции и да се продолжи рокот на траење на производствените капацитети за електрична енергија, како и да се реализира зацртаното во Стратегијата за енергетика, – изјави Јаневски пред почетокот на конференцијата.

Тој нагласи дека под одржлив развој на енергетскиот сектор се подразбира обезбедување на квалитативна и квантитативна количина на енергенси потребини за развој на стопанството, и нагласи дека за тоа се неопходни инвестиции во модернизирање на постојните енергетски објекти и мрежи.

Energetski predizvici na makedonija

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, порача дека е неопходна модернизација на инфраструктурата за да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија во иднина.

Тој посочи дека од доаѓањето во април 2006 година ЕВН Македонија досега инвестирала 241 милон евра во подобрување на високонапонската и нисконапонската дистрибутивна мрежа, а за следните 20 години најави инвестиција од една милијарда евра за подобрување на снабдувањето со електрична енергија.

– За да имаме добро електроснабдување треба да се фокусираме на обновливите извори на енергија. Сметам дека е неопходно во Македонија да има повеќе ветерни и соларни електрани. На тој начин покрај добро снабдување со електрична енергија ќе се заштити и животната средина, – рече претседателот на УО на ЕВН Македонија.

energetski predizvici na makedonija1

Генералниот директор на АД МЕПСО, Синиша Спасов, нагласи дека МЕПСО располага со 507 километри 400 киловолтна и 1.514 километри 110 киловолтна преносна мрежа, пет трансформаторски станици од 400 киловолтно и 66 од 110 киловолтно напонско ниво. Просечната старост на 110 киловолтните далекуводи на МЕПСО е 35 години, а на 400 киловолтните 22 години, додека просечниот животен век е 50 плус минус 18 години.

Тој нагласи дека во наредните 10 години се планира МЕПСО да вложи над 155 милиони евра во подобрување на преносната мрежа од кои, како што рече, поголемиот дел се веќе обезбедени.

– Во тек е интерконективното поврзување со Србија со далекуводот Штип – Ниш, кој треба да се пушти за неколку месеци во пробна работа, а во фаза на изработка на проектна документација е интерконективното поврзување со Албанија преку далекуводот Битола – Елбасан за кој е предвидено и изградба на 400/110 киловолтна трафостаница во Охрид. Се предвидува овој далекувод да се пушти во употреба кон крајот на 2018-та или на почетокот на 2019 година. Далекуводот кон Србија чини 40,5 милиони евра од кои 11 милиони за македонскиот дел, додека за интерконективното поврзување со Албанија се обезбедени 43,5 милиони евра, – рече Спасов.

Тој потсети дека веќе е завршена реконстукцијата на преносната мрежа во Полошкиот и Пелагонискиот крај, направени се приклучоци на новите трафостаници во Драчево, Петровец, Бунарџик и Теарце и додаде дека МЕПСО е подготвено да направи приклучоци и за новите електрани кои се планираат, како и трафостаници секаде каде што ќе биде неопходно.

energetski predizvici na makedonija3

– Сметам дека е потребно во овој период да се фокусираме на базната енергија, односно на термоенергијата, бидејќи ЕЛЕМ обезбедува речиси 90 отсото од домашната енергија од кои 80 отсто ги добива од термоелектраните, – посочи Бошковски.

Тој истакна дека во фаза на реализација е изградбата на централен топлификациски систем во РЕК Битола што ќе ги задоволува потребите на општините Битоал, Новаци и Могила. За таа намена, додаде, се вложуваат 47 милиони евра. Покрај тоа, како што рече, продолжува и втората фаза на модернизацијата на РЕК Битола, со која се предвидува намалување на емисијата на NOx i SOx, а се планира и модернизација на ТЕЦ Осломеј и приспоспобување на работа на увозен висококалоричен јаглен.

– Дури 104 милиони евра се предвидени за наоѓалиштето на јаглен во Живојно, како и 126 милиони евра за транспорт на рудата од Мариово до РЕК Битола. Се планира и доистражување на сите наоѓалишта на јаглен во Македонија, – рече Бошковски и нагласи дека ЕЛЕМ во моментов работи на ХЕЦ Бошков Мост и Луково Поле, а се планира и проширување на ХЕЦ Шпилје.

Претседателот на Здружението за енергетика Јаневски, потсети дека рафинеријата ОКТА не работи веќе две години и сега функционира како трговец со нафтени деривати. Дериватите, како што рече, ги набавува од различни производители, но најмногу или речиси 90 отсто од Хеленик Петролеум. Јаневски истакна дека во моментов се работи на чистење на нафтоводот Солун – Скопје и негово приспособување во продуктовод, што ќе овозможи многу полесен увоз и транспорт на нафтени деривати. Другите трговци со нафтени деривати увезуваат од соседните земји. Лукоил го носи горивото од својата рафинерија во Бургас, дел од другите увозници од рафинеријата во Панчево, а сега почна мали количини да се увезуваат и од рафинеријата во Албанија, иако тоа гориво не го задоволува стадардот ЕУРО 6.

 

Испрати коментар

Scroll To Top