Насловна / Вести / Прекрасна модерна канцеларија сместена во капела

Прекрасна модерна канцеларија сместена во капела

Кога имате позната архитектонска и дизајнерска фирма, се очекува и вашата канцеларија да изгледа впечатливо. За тоа биле свесни и архитектите од белгиското студио Klaarchitectuur, кои неодамна го претставиле проектот The Waterdog за обнова на старата капела во нивен работен простор. Резултатот ги воодушевил сите кои имале можност да го видат, а кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе ви биде јасно и зошто.капела белгија_3

Кога ќе ја погледнете градбата од надвор, само мал дел навестува дека внатре нешто „необично“ се наоѓа. Навистина, кога ќе влезете во просторот, се среќавате со спектакуларен спој на старо и ново.капела белгија_5

Додека просториите на канцеларијата, тоалетите и кујната се комплетно преуредени и тие воглавно донесуваат минимализам во бела боја, т.н. заедничките простории се задржани во нивната оригинална форма, со само неколку мали реновирања. Исто така, бидејќи градбата има и одредена историска вредност, некои од нејзините делови се сеуште отворени за јавноста.капела белгија_1 капела белгија_2 капела белгија_4 капела белгија_6

Испрати коментар

Scroll To Top