Насловна / Архитектура / Префинет луксуз облечен во соголена бетонска конструкција

Префинет луксуз облечен во соголена бетонска конструкција

Warner House_08
Реномирано по реализацијата на  голем број ентериери во Лондон, архитектонското студио Inside Out Architects било именувано и за редизајнот на овој луксузен и уникатен станбен простор во централен Лондон.
Warner House_05
Постоечкиот објект се одликува со интригантно тактилна индустриска структура со соголени бетонски конструктивни елементи во внатрешноста. Со цел да се потенцираат оригиналните структурални елементи, почетокот на редизајнот се базира на целосно „соблекување“ на ентериерот, враќајќи го неговиот примарен израз на едноставна конструктивна обвивка, каде есенцијален детаљ претставува соголената драматична геометрија на бетонските греди.
Warner House_04 Warner House_07  Warner House_11 Warner House_01 Warner House_12
Функционалните простори се дизајнирани со одмерени, едноставни и ненаметливи детали, како контраст на цврстата текстурирана бетонска структура. Отворената основа е организирана на таков начин што секоја од функционалните партиции има целосна акустична сепарација, истовремено почитувајќи ја комплексната соголена геометрија. Едноставната експресија е збогатена со бројни притаени функционални единици како кревети на извлекување, интегрирани грејни тела, кујнски елементи, стаклени површини, лизгачки партиции и целокупната бања.
Во дневниот престој како фокусна точка се појавува кујнската работна површина, дефинирајќи активно катче во склоп на отворениот простор.
Обесените метални профили обезбедуваат функционално осветлување во долната зона, истовремено осветлувајќи ја и бетонската плафонска конструкција со цел да се креира топла и пријатна атмосфера во просторот.

Warner House_09

Warner House_10 Warner House_03 Warner House_12 Warner House_02
Комбинацијата на осветлување, колористичките тонови и текстури создаваат серија на хармонични домашни партиции сместени во урбаниот метеж на централен Лондон.
Warner House_06

Испрати коментар

Scroll To Top