Насловна / Архитектура / Предлог за изградба на највисок облакодер во светот во Токио

Предлог за изградба на највисок облакодер во светот во Токио

Прашањето за контрола и одбрана од поплави е доста важно за големите градови кои се изложени на големи количества дожд, порои или на растот на плима.oblakoder tokio 2045 (6)

Концептот наречен Next Tokyo 2045, осмислен во соработка на Kohn Pedersen Fox Associates со Leslie E Robertson Associates, предвидува сосема нов град, кој би се изградил во Токискиот залив.oblakoder tokio 2045

Бариера за океанските бранови би била обезбедена преку серија вештачки острови во форми на хексагони, а со центарот на градот би доминирала висока кула (1.609 метри), во која би живееле 55.000 жители.oblakoder tokio 2045 (3)

Ако овој план се оствари, облакодерот ќе биде речиси двојно повисок од Бурж Калифа во Дубаи, чиј врв достигнува 828 метри.oblakoder tokio 2045 (5)

Концептот предвидува облакодерот да собира и филтрира вода, додека енергија ќе се добива од соларни панели.

oblakoder tokio 2045 (2) oblakoder tokio 2045 (4)

Испрати коментар

Scroll To Top