Насловна / Архитектура / Најубавиот облакодер во Загреб во ново руво

Најубавиот облакодер во Загреб во ново руво

Zagreb saren oblakoder

По подолг подготвителен период, конечно започна реставрацијата на загребскиот блакодер, дело на шибеничкиот архитект Иван Витиќ. Сите оние што се запознаени со вредноста на оваа зграда или попросто цената на архитектурата, се многу возбудени за оваа вест. Најголемата возбуда и задоволство, веројатно, се чувствуваат уште од почетокот на проектот „Фрлачи на сенки“, кој бил започнат во 2004 година со цел да се обнови заедничкиот „простор“ на зградата на Лагињина 9, според концептот на Борис Бакал. Во 2013 година е снимен документарниот филм „Concrete Love”. Станува збор за документарен филм кој ја обработува темата за облакодерот на Витиќ и осумгодишната иницијатива на режисерот Борис Бакал за неговата обнова (проект на заедницата „Витиќ танцува“).

По повеќе од една деценија, вниманието повторно се насочува кон еден од најубавите објекти во Загреб, кој е вреден модернистички архитектонски пример и заштитен споменик на културата. Реставрацијата на облакодерот на Витиќ започна на 3 февруари и ќе чини 10 милиони куни, а резултатите ќе бидат видливи после две години, кога е планирано завршувањето на градежните работи. Облакодерот на Витиќ треба да оживее во новата автентична облека која ќе нè потсетува на неговата златна ера од 1960 година на минатиот век, кога настанал по проектот на архитектот Иван Витиќ. Живите бои на Мондријан повторно ќе се лизгаат по дрвените брисолеи на зградата, а на тој начин со обновата ќе се создаде и добро познатиот ефект на динамика. Со оваа „естетска“ реконструкција ќе се овозможи и енергетска ефикасност со која облакодерот ќе заштедува енергија и до 68 проценти.

Zagreb saren oblakoder maketa

Според проектот на Витиќ, комплексот во Лагињина 9 е изграден во периодот 1958-1962 година и се состои од три згради; препознатливиот облакодер и две пониски згради, односно трикатница и четирикатница. Сите доследни на идејата на Мондриановите живописни бои поради кој го добил и името „Шарениот облакодер“. Овој комплекс сè уште е горд и претставува вистинско ремек-дело на архитектурата од едни минати времиња. Благодарение на упорноста на поединците и натпреварот за користење на споменички такси, кои биле распишани од страна на Градскиот завод за заштита на спомениците на културата, чии пари биле доделени за оваа реставрација, облaкодерот на Витиќ ќе го продолжи својот живот и во новата ера. Проектот за санација и реконструкција го потпишал м-р Алан Браун, дипломиран инженер архитект од Институтот за градителско наследство на Архитектонскиот факултет во Загреб.

 

 

Извор: Модулор

Испрати коментар

Scroll To Top