Насловна / Арт и дизајн / Познати хрватски уметници ги сликаат затворите во земјата

Познати хрватски уметници ги сликаат затворите во земјата

По успешно реализираните проекти „Примерен казнено-поправен дом“ во Пожега, „Ревитализација на затворскиот простор со уметност“ во затворот во Загреб и проектот „Хоризонт на слободата“ во КПУ Глина и затворската болница во Загреб, Хрватското друштво на ликовни уметници го најавува почетокот на проектот „Слобода на создавањето“ во дури шест казнени установи: Образовната установа и Казнено-поправниот дом во Туропоље, затворот во Бјеловар, затворот во Риека, затворот и канцеларијата за условна казна во Загреб.

1

Инес Милчиќ, затвор во Риека

poz

Мелинда Шефчиќ, КПД Пожега

Проектот „Слобода на создавањето“ на авторката д-р Мелинда Шефчиќ е еден од избраните проекти преку јавен тендер на Министерството за правда и администрација, за финансирање проекти на здруженија насочени кон поддршка на спроведувањето на индивидуалните програми за лекување/извршување на казна затвор.

2

Павле Тандара, затвор во Бјеловар

Во рамки на проектот уметнички интервенции ќе се изведуваат во 25 простори во шест казнени установи. Проектот ќе се реализира до мај 2022 година, а реализацијата на уметничките интервенции ќе биде придружена со истражувачка работа. Резултатите од проектот ќе бидат претставени на јавна изложба придружена со каталог.

glina

Мелинда Шефчиќ, КПУ Глина

mario_romoda

Марио Ромода, КПУ Глина

tea

Теа Јуришиќ, затворска болница Загреб

rr

Владимир Томиќ, затвор во Риека

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top