Насловна / Вести / Кога се појавиле првите керамички плочки

Кога се појавиле првите керамички плочки

Големиот Набукодоносор владеел 43 години (средината на 6 век п.н.е.) и покрај големите освојувачки успеси, како освојувањето на Ерусалим и Еврејското ропство, за свој најголем успех ги сметал работите на обновата на Вавилон, што веројатно е еден од најголемите урбани потфати на Стариот век.

7_resize

Градот Вавилон, кој во тоа време имал околу 200.000 жители, бил преполовен од реката Еуфрат, така што двата дела на четириаголната основа биле поврзани со камен мост. Тунелот под реката бил изграден со преместување на речното коритото во отворен ров, кој потоа бил пополнет, а реката била вратена во своето корито. Изѕидан е од тули и битумен, бил широк 4,6 метри, висок 3,7 метри и долг околу 900 метри. Истовремено со тунелот бил изграден и мост.

3_resize

Одбранбениот ѕид околу Вавилон, дебел преку 20 метри, по кој, според описот на Херодот, можеле да се движат две запреги, имал девет порти, од кои најважна е Портата на Иштар од која продолжува патот на процесијата.

2_resize

Бидејќи тулата се користела како главен градежен материјал, за првпат се произведени керамички плочки, односно глазирани тули во разни бои, со кои се облагале ѕидните платна, со или без разновидни релјефи.

4_resize

Плочките се правени од фина глина, а пресувани се во дрвени калапи. Се оставале да се исушат на сонце, а потоа се печеле пред да се нанесе колоритната глазура во кафена, црна, златна и бела боја. Сепак, на Портата на Иштар доминира сината боја, која била имитација на лапис лазули, многу редок скапоцен камен.

6_resize

По уште едно печење, плочките биле поставувани на ѕид со помош на битумен со хоризонтално растојание (фуга) од шест милиметри. Се претпоставува дека Вавилон бил украсен со 15 милиони вакви плочки. На ѕидовите биле насликани околу 120 лавови, бикови, змејови и цвеќиња, симболизирајќи ја божицата Иштар. На самата порта се насликани само богови и божици, меѓу кои се Иштар, Адад и Мардук. За време на новогодишните прослави, статуи на божествата биле внесувани низ портата и низ патот на процесијата.

Портата на Иштар, како најимпресивен дел од внатрешниот прстен на Вавилон, била изградена во 575 п.н.е., а денес може да се види во Пергамскиот музеј во Берлин.

1_resize

0_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top