Насловна / Вести / Повторно се искачува концентрацијата на ПМ10 честички

Повторно се искачува концентрацијата на ПМ10 честички

квалитет на воздух

За жителите на Скопје, Тетово и другите градови во Македонија, кадешто загадувањето на воздухот е речиси континуирано на критично ниво – по краткотрајното подобрување на квалитетот на воздухот што го дишеме, повторно се искачува концентрацијата на суспендирани ПМ10 честички на ризичните нивоа.

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, дождот и ветрот завршија добра работа и практично ја „ресетираа“ листата на градови со преку пет дена атмосфера загадена со повеќе од дозволените 50 µг/m³ суспендирани честички помали од 10 µм – моментално среднодневната концентрација на ниво над дозволеното е повисока само во Тетово и Кичево и во скопските населби Гази Баба и Центар.

Но до пред некој ден практично не постоеше мерно место во Македонија, кадешто бројките не беа во црвено. Со оглед на опаѓањето на температурите, а со тоа и поголемата потрошувачка на енергенси за греење, во наредните денови ситуацијата ќе станува сé полоша, така што ни останува само да се надеваме дека времето ќе остане врнежливо и ветровито.

Испрати коментар

Scroll To Top