Насловна / Вести / Повеќенасочниот лифт конечно станува реалност (Видео)

Повеќенасочниот лифт конечно станува реалност (Видео)

Povekjenasocni liftovi1

По претставувањето на „Мулти концептот“ во 2014 година, германскиот инженерски гигант  ThyssenKrupp ја направи својата визија за лифт без јажиња, во стилот на Willy Wonka (ликот од детските романи и неговите необични креации). Во текот на изминатите неколку години, компанијата градеше висока тест кула од 246 метри, со цел да ја подобри технологијата која ќе им овозможи на поголем број автомобили да се движат вертикално и хоризонтално во едно окно, со помош на магнетен систем на погонување.

Povekjenasocni liftovi7

Минатата недела, по две и пол години изградба, пуштена е тест кулата и првата целосно функционална мулти единица. Кулата за тестирање е лоцирана во Ротвајл во Германија, и специјално е проектирана за истражувачки цели на компанијата ThyssenKrupp. Содржи 12 лифтовски окна кои можат да ја тестираат брзината на лифтот до 10 m/sec, плус три наменски окна посебно проектирани за сертифицирање на новиот систем на лифт без кабли.

Povekjenasocni liftovi6

Се работи за најголема иновација во проектирањето на лифтови бидејќи лифтот зависен од јажиња прв пат се појавил пред 160 години. Нивната замена со линеарни мотори кои овозможуваат вертикално и хоризонтално движење, овозможува повеќе кабини да можат да се движат долж едно окно, но во исто време отвора нови можности за архитектите при проектирањето на зградите.

Povekjenasocni liftovi8

ThyssenKrupp проценува дека овој концепт ја намалува тежината на лифтовските кабини до 50% и овозможува поефикасно движење. Генерално, корисната површина на зградата со новите лифтови може да се зголеми до 25%.

Povekjenasocni liftovi4

Единствениот недостаток досега, за жал е неговата цена кој чини 5 пати повеќе од конвенционалните лифтови. Најверојатно овој факт ќе влијае на побавниот пробив на пазарот. Но, со оглед на неспорните предности во поголема корисна површина и функционалност на објектот за некои инвеститори цената не е пречка, како што е тоа случај со еден германец кој се занимава со недвижности  и веќе го порачал овој систем.

Povekjenasocni liftovi5

„East Side Tower“ во Берлин ќе стане првата зграда во светот со „Мулти систем“. Зад оваа зграда стои компанијата OVG Real Estate, и ќе биде целосно завршена во 2019 година. Во видеото подолу презентирано е како функционира овој концепт.

Povekjenasocni liftovi

 

Испрати коментар

Scroll To Top