Насловна / Вести / Дронови – садачи на дрва (Видео)

Дронови – садачи на дрва (Видео)

Dronovi sadaci na drva1 dr Graham

Борбата против дефорестацијата доби необичен сојузник – дронови садачи на дрвја. Австралискиот научник Dr. Suzan Graham, разви посебен вид на дронови кои можат да садат дрвја на непристапни предели. Списанието Scientific American нотира дека 15% од светската емисија на јаглерод диоксид се должи на дефорестацијата односно угинувањето на шумите од различни причини (неконтролирано сечење, урбанизација, и сл.).

 

Dronovi sadaci na drva2

Дроновите креирани од Dr. Graham работат во пар Првиот ја скенира областа и применува специфични алгоритми со цел избор на оптимална микролокација (квалитет на почвата, карпести терени, проблеми со вода и сл.) Вториот дрон со точни информации за микролокацијата се упатува на местото и врши засадување на стеблото.  Овој дрон може да носи до 150 садници во еден лет.

Dronovi sadaci na drva

Дроновите се понудени на пазарот од страна на компанијата од Оксфорд, BioCarbon Engineering. Извршниот директор на оваа компанија вели дека еден пар дронови може да посади 100.000 садници на ден.

Dronovi sadaci na drva Dr. Suzan Graham

Во исто време компанијата DroneSeed од САД работи на развивање слична технологија за масовно пошумување. Во моментот, оваа компанија врши прскање со хербициди и други пестициди на тешко достапни места со помош на дронови.

 

Испрати коментар

Scroll To Top