Насловна / Архитектура / После повеќе од деценија ААМ сослушана од Владата

После повеќе од деценија ААМ сослушана од Владата

После долго време, повеќе од една деценија, Влада на РМ се консултираше со Асоцијацијата на архитекти – ААМ и го зема во предвид стручното мислење на професионалци.  По повод одлуката на Владата да се гради нов Клинички центар на нова, соодветна локација ААМ издаде соопштение,

СООПШТЕНИЕ

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја поздравува одлуката на Владата на република Македонија и Министреството за здравство со која конечно се разреши дилемата околу изградбата на новиот клинички центар.

Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата новиот клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што беше заложба на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и на неколку генерации врвни архитекти пред нас, кои се залагале за изградба на еден, нов модерен клинички центар по сите светски стандарди.

Како Асоцијација на архитекти на Македонија го изразуваме нашето задоволство што при донесувањето на ваквата одлука на Владата беа земени предвид и мислењата и сугестиите на стручната јавност. Се надеваме дека оваа соработка при носењето на важни одлуки за унапредување на урбаниот простор на Република Македонија ќе продолжи и во иднина.

Претседател на ААМ

Мартин Пановски д.и.а.

33

Испрати коментар

Scroll To Top