Насловна / Арт и дизајн / Porsche 911 Sally Special, продаден на хуманитарна аукција за 3,6 милиони евра

Porsche 911 Sally Special, продаден на хуманитарна аукција за 3,6 милиони евра

Porsche за Monterey Car Week 2022 произведе уникатен модел 911 Sally Special, кој е продаден на аукцијата на куќата RM Sotheby’s за милионски износ. Аукцијата била хуманитарна, а највисоката понуда изнесувала 3,6 милиони евра, што е рекордна сума за едно целосно ново Porsche.

porschecars1

porschecars2

Sally Special е резултат на соработката помеѓу Porsche и Pixar со цел „оживување“ на ликот на  Sally од филмот Cars. Каросеријата е лакирана во уникатна Sally сина боја, а дизајнерите не ја изоставиле ниту скриената тетоважа под активниот страничен спојлер. Арматурната плоча, централната конзола и панелите на вратите се украсени со детали во споменатата боја, а специјалната карирана ткаенина исто така ја содржи оваа боја. Материјалот е присутен на седиштата, додека контраст прави кожата во боја на креда. Парите добиени од продажбата ќе бидат поделени на две хуманитарни организации.

porschecars3

 

Испрати коментар

Scroll To Top