Насловна / Вести / PORCELANA пристигна во Скопје

PORCELANA пристигна во Скопје

Викендов во Скопје се отвори продажниот салон на реномираниот бренд за плочки и санитарија PORCELANА.

20221015-1_resize

PORCELANА е членка на Групацијата Хац, грчка групација на компании активна на меѓународниот пазар повеќе од 40 години, која во Грција ги претставува најголемите и најважните брендови поврзани со уредувањето на станбен и деловен простор.

20221015-2_resize

Производите на PORCELANА се карактеризираат со висок квалитет, врвни карактеристики и неспоредлив дизајн за совршено да се истакнат и да одговараат на секој ентериер.  Тие се поделени во четири категории кои заедно ги покриваат севкупните потреби за уредување на Вашиот простор.

20221015-3_resize

„Горди сме што успеавме да го донесеме овој реномиран бренд во Македонија и да им овозможиме на нашите клиенти избор кој го заслужуваат, како и можност да добијат целосна услуга на едно место. Клиентите кај нас ќе добијат целосно  решение за дизајн на станбен или комерцијален ентериер – од проектирање до техничка поддршка при имплементација на нашите производи.

20221015-5_resize

Истражувањето и следењето на новите трендови и производи е наш приоритет во процесот на дизајнирање и проектирање. Огромната понуда на производи која ќе биде достапна, од кои голем дел и за прв пат на нашиот пазар, овозможува неограничени можности за врвен дизајн на ентериер за секаков вид проекти“, истакнаа од менаџментот на PORCELANА во Македонија “

20221015-6_resize

Целта на PORCELANА е да понуди комплетни решенија за домот, земајќи ја предвид целосната покриеност на потребите на производителот, архитектот, дизајнерот, но пред сè на крајниот потрошувач, давајќи им можност да го обликуваат својот простор со најдобра вредност за дадениот влог.

Новиот продажен салон се наоѓа на ул. Владимир Полежиновски бр.9 лок 3, веднаш позади ТЦ. Буњаковец.

20221015-4_resize 20221015-7_resize 20221015-8_resize 20221015-9_resize 20221015-10_resize

vvv

Комерцијален текст

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top