Насловна / Екологија / Пораст на насилството врз заштитниците на природата

Пораст на насилството врз заштитниците на природата

FireShot Screen Capture #016 - 'Gw-pwyp' - www_globalwitness_org_endingsecrecyБорбата за користење на природните ресурси се интензивира. Бројот на населението расте, ресурсите се намалуваат, а компаниите ги штитат своите интереси, со што се зголемува притисокот врз оние што се обидуваат да ја заштитат животната средина. Организацијата „Global Witness“ ги следи приликите во светот во оваа област и го бележи секој вид на насилство. Во неодамна објавениот извештај на оваа организација се наведува дека во последните десет години во обидите да се заштити природата загинале најмалку 1.000 луѓе. Посебно е загрижувачка ситуацијата во Латинска Америка и во Азија на Пацификот, каде голем број луѓе страдаат додека под присила се иселувани од своите живеалишта.

Испрати коментар

Scroll To Top