Насловна / Вести / Поранешната детска болница во Охрид – хотел!

Поранешната детска болница во Охрид – хотел!

ohrid detska bolnica

Државата го продава објектот на поранешната Специјална детска болница, кој се наоѓа на атрактивен дел од охридското крајбрежје во населбата „Свети Стефан“ во Охрид.

Детската болница не работи повеќе години, а се распаѓа и објектот кој беше еден од најцврстите и најквалитетните на охридското крајбрежје, каде што се лекуваа и рехабилитираа деца со различни патологии, од бебиња до деца од 16 години.

Ова е втор оглас што се објавува за атрактивното земјиште, бидејќи првиот пропадна. Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, понудени се повеќе поволности, а е намалена и продажната цена на земјиштето.

Според најавите од општината, заинтересирани биле инвеститори од Катар, Англија, Украина и Азербејџан.

Почетната цена на аукцијата што ќе се одржи на 24 февруари ќе изнесува 2.655 денари.

Испрати коментар

Scroll To Top