Насловна / Вести / Поранешна железничка станица во Милано ќе станува парк

Поранешна железничка станица во Милано ќе станува парк

Напуштените железнички капацитети кријат големи можности за трансформација во корисни и интересни простори. Ранжирната станица во Милано го привлече вниманието на дизајнерите и архитектите од меѓународните компании кои го дизајнираа нејзиниот нов изглед. Планот е таму да се изгради парк исполнет со дрвја и зеленило со издигната пешачка патека што би личела на „Хај Лајн“. Овој потфат, кој опфаќа поширока област, исто така, вклучува сместување за Олимпијците.

stanica

Големите имиња Diller Scofidio + Renfro, PLP Architecture, Carlo Ratti Associati, како и Outcomist и Arup ќе работат на проектот „Parco Romana“. Целта е поранешниот двор каде товарните возови се составувале и раздвојувале да се претвори во јавна зелена површина што ќе вклучува шума. Главната атракција ќе биде „Suspended Forest“, која ќе се состои од возвишено шеталиште по примерот на постојната железничка инфраструктура. Во рамките на оваа шума ќе има стотици дрвја и неколку патеки за пешачење.

stanica1

Локацијата е во областа Порта Романа во Милано. Во источната област ќе се наоѓаат нови деловни згради, додека западната страна ќе биде наменета за домување и ќе вклучува објекти за мешана употреба каде ќе бидат сместени спортисти за претстојните Зимски олимписки игри планирани за Милано во 2026 година. По завршувањето на настанот, објектите ќе се претворат во станбени единици кои ќе ги вклучуваат и оние што се за социјални станови.

stanica2

Во рамките на станбената зона, ќе има и јавен плоштад, градина, простор за вежбање на отворено, како и co-working простори во реновирани бараки каде порано се поправале возовите. Енергијата за снабдување ќе се добие од обновливи извори. Проектот победи на архитектонски конкурс и беше избран за имплементација, но деталите поврзани со почетокот на изградбата сè уште не се познати.

stanica3

„Parco Romana“ ќе се гради околу новиот парк, кој ќе претставува централно место и зелено срце на целиот проект. Единственоста ќе ја даде историското наследство на локацијата, кое сега нуди средина за живеење и работење и обединува разновидна заедница на жители, студенти, деловни луѓе, спортисти. Поврзува затскриено урбано подрачје, поврзувајќи ги околните населби со жив мешан кварт.

stanica4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top