Насловна / Вести / Поради топлотниот бран, исклучена најстарата нуклеарка во Франција

Поради топлотниот бран, исклучена најстарата нуклеарка во Франција

Француската енергетска компанија EdF (Électricité de France), соопшти дека од 2-ри август, поради превисоките температури на воздухот,  исклучени се четири нуклеарни реактори во три француски нуклеарни централи, меѓу кои и најстарата нуклеарна централа во земјата „Фесенхајм“.  Во соопштението се истакнува дека одлуката е донесена со цел да се избегне покачување на водата во реките, со што би се загрозил ивиот свет во нив. Имено, нуклеарните централи ја користа за ладење на реакторите водата од реките, по што таа повторно се враќа. Зголемувањето на температурата на водата во реките над дозволените вредности би можела да биде погубна за живиот свет. Пред неполн месец во Германија забележан е масовен помор на рибите, токму поради превисоките температури.

EdF1

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top