Насловна / Архитектура / Половина од посетителите на Биеналето во Венеција 2018 под 26 години

Половина од посетителите на Биеналето во Венеција 2018 под 26 години

Овие показатели би можеле да помогнат како и за кого треба да се обмисли изложбата на следното Биенале во Венеција.
Меѓународната изложба на архитектура во Венеција, 16. по ред, затворена е пред два дена, откако по шест месеци беше домаќин на изложувачи од целиот свет на тема Слободен простор (Freespace), која ја поставија Ивон Фарел и Шели МекНамара. Организаторите ги сумираат впечатоците како и бројките кои покажуваат дека Биеналето е еден од најважните и највлијателните настани на архитектонските случувања во Европа.

3
Сума сумарум, Биенале Венеција 2018. го посетиле 275.000 луѓе, што е зголемување за 6% во однос на 2016. година. Половината од посетителите биле помлади од 26 години, што говори дека изложбата бележи раст на интересирањето кај помладата публика, а 27% од младите дошле во групи.
Во продолжение погледнете ги цифрите кои го обележаа Биеналето 2018., а кои ја покажуваат структурата на излагачите, посетителите и опсегот кое го имало кај новинарите и публиката на интернет.

1

Бројки
71 архитект излагал труд
2 специјални секции
63 држави учествувале на изложбата
29 држави изложиле во Ѓардини
24 држави изложиле во Арсенал
10 држави изложиле во градот
6 држави изложиле прв пат (Антигва и Барбуда, Саудиска Арабија, Гватемала, Либан, Пакистан и Ватикан)
2 специјални проекта: Павилјон на применета уметност, проект Forte Marghera во Mestreu
12 изложби од страна
160 поврзани универзитети (50 италијански и 110 од остатокот на светот)
5.730 студенти вклучени во проектите на Биеналето
50.467 учесници во едукативни активности и тури
33.347 млади луѓе и студенти учествувале во образовните активности
17.120 возрасни учествувале во турите

2

Медиуми
4.000 акредитирани новинари
1.226.384 единствени посети на сајтот на Биеналето
1.962.334 сесии на сајтот на Биеналето (563.296 на телефон, 545.196 на дестоп, 73.063 на таблет)
341.720 Facebook фанови, раст за 14.656 од отварањето на изложбата
701.559 следбеници на Twitter, раст за 80.559 од затварање на изложбата 2016.
297.907 Instagramследбеници, раст за 80.000 од отварањето на изложбата

Се напоменува и посетата на познати светски личности и селебритија како Натали Портман, Силвија Чанг, Трин Дирхолм, Никол Гарсија, Малгоржата Шумовска, Кристоф Валц, Атина Цангари, Алисон Меклин, Фатемех Мотамед Арија, Мајкл Алмерејда, Андреа Палаоро, Мохамед Хефи, Хајаши Канако, Каутерот Бен Ханија, Гастон Солнички и Сузан Биер.

16. Биенале е организиранао со поддршка на Rolex, Artemide , Edison , Japan Tobacco International, Vela – Venezia Unica, Oakmount, Paola Lenti, Seguso Vetri d’Arte and Trenitalia Gruppo Ferrovie dello Stato Italiane.

Бројките покажуваат дека Биеналето највеќе допрело до младата поулација, дека виртуелниот ефект е силен, покажуваат дека и комерцијалниот ефект мошне позитивен. Но не е тајна дека возраснате и искусни архитекти се ностели на она што е вистинско, реализирано и квалитетно архитектонско творештво, не само слика и современо конципирана изложба со многу забава и туризам. Останува во иднина да се види намерата на Биеналето на која публика ќе и се обраќа.

Испрати коментар

Scroll To Top