Насловна / Арт и дизајн / Полароиди на Енди Ворхол во ново издание на Taschen

Полароиди на Енди Ворхол во ново издание на Taschen

vorhol polaroidi (7)

Лајза Минели, Дајана Рос, Џејн Фонда, Бјанка Џегер, Ив Сен Лоран, Одри Хепберн и многу други познати лица се овековечени на полароиди на Енди Ворхол. Таткото на поп-арт имал една интересна навика – од својот полароид камера не се одвојувал ниту една секунда. Постојат гласини дека Ворхол знаел да фотографира и до 300 слики само да го фати „кадарот“.

vorhol polaroidi (5)

Благодарение на неговиот перфекционизам, денес имаме значителна колекција на незаборавни фотографии на Студио 54, Ворхоловата „Фабрика“, боемското њујоршко општество на 20 век и, се разбира, многубројните „селфи“ фотографии од овој значаен и ексцентричен уметник.vorhol polaroidi (6)

Сега познатата издавачка куќа Taschen, под водство на ликовниот критичар на The New York Times, Ричард Вудворд, собрала полароид фотографии направени меѓу 1954 и 1987 година во една книга.

vorhol polaroidi (4)

На вкупно 560 страници во ова издание ќе бидат објавени повеќе од 100 фотографии на Енди Ворхол. Датумот на објавување уште не е познат, но се знае дека неговата цена треба да изнесува 69 долари.

vorhol polaroidi (3)vorhol polaroidi (2)vorhol polaroidi

Испрати коментар

Scroll To Top