Насловна / Архитектура / Современа куќа за четиричлено семејство

Современа куќа за четиричлено семејство

kuka vo holandija

Стара куќа од 1960 година се наоѓа во Северен Брабант, Холандија, и надоградена е за да одговара на современиот живот на четиричлено семејство. Клиентите сакале повеќе простор, како и нов простор за работа отворен кон околниот пејзаж.

Решението се состои од проширување на куќата на едната страна. На овој начин, дополнителни животни простори се создадени на приземје, и нудат простор за куќна канцеларија, гаража и настрешница.

kuka vo holandija (5)

Детските соби на катот, исто така, се проширени како резултат на оваа надградба.

Дневната соба е преместена во задниот дел на куќата, во којашто големите прозорски отвори нудат поглед на околниот пејзаж.kuka vo holandija (4)

Специјално дизајнираните елементи, како што е каминот и големата кујнска апаратура која се претвора во маса за јадење, го поделиле просторот во неколку области, секоја со свој амбиент.

Секој ентериер, нуди различни погледи и на природата, обезбедувајќи здрав семеен амбиент.kuka vo holandija (2) kuka vo holandija (3) kuka vo holandija (6) kuka vo holandija (7) kuka vo holandija (8)

Испрати коментар

Scroll To Top