Насловна / Вести / Подготвени една милијарда евра за проекти во рамките на Европскиот зелен план

Подготвени една милијарда евра за проекти во рамките на Европскиот зелен план

Европската Комисија започна да прима апликации за финансирање во вкупна вредност од една милијарда евра на јавниот конкурс во рамките на Европскиот зелен план (European Green Deal Call). Средствата доаѓаат од иницијативата Horizon 2020, а целта на јавниот конкурс е финансирање на истражувачките и иновациските проекти кои нудат решенија за климатската криза и помагаат во заштитата на европските екосистеми и биодиверзитетот. Намерата на Европската комисија е да го поттикне опораувањето од кризата предизвикана од корона вирусот, така што предизвиците на зелениот развој ќе ги трансформира во можности за иновации. Рокот за поднесување на пријавите е 26 јануари 2021 година, а избраните проекти би требало да почнат да се спроведуваат на есен истата година. „Јавниот повик значително се разликува од претходните во склоп на иницијативата Horizon 2020. Со оглед на итноста на предизвикот на кој треба да одговори, целта е резултатите да бидат видливи на краток и среден рок, но да имаат перспектива на долгорочни промени. Има помалку акции, но тие се фокусирани, пообемни и повидливи, со акцент на брза прилагодливост, ширење и користење“, наведува Комисијата. Повикот вклучува можности за меѓународна соработка со цел да им се помогне на помалку развиените држави, а во контекст на Парискиот договор и целите на одржливиот развој. Се очекува проектите кои се финансираат во рамките на овој повик да донесат конкретни резултати во десет области:

  • Осум тематски области кои се клучни во Европскиот зелен план:
  1. Зголемување на климатските амбиции
  2. Чиста, достапна и сигурна енергија
  3. Индустрија за чиста и циркуларна економија
  4. Енергетски и ресурсно ефикасни згради
  5. Одржлива и паметна мобилност
  6. Од фарма до трпеза
  7. Биодиверзитет и екосистеми
  8. Животна средина без загадување
  • И две хоризонтални области – зајакнување на знаењето и зајакнување на граѓаните, кои нудат долгорочна перспектива во постигнување на промените планирани со Европскиот зелен план

greendeal1

greendeal2

 

Испрати коментар

Scroll To Top