Насловна / Вести / „Роџер, разбуди се“- протест против Федерер во Швајцарија

„Роџер, разбуди се“- протест против Федерер во Швајцарија

Граѓаните на Берн одржаа масовен протест на кој неколку илјади луѓе се собраа во центарот на градот, носејќи пароли против тенисерот Роџер Федерер, нивниот спортски идол, на кој му забележуваат затоа што не го раскинува спонзорството со Швајцарската кредитна банка, која не се грижи за еколошките стандарди и инвестира во фосилни горива.

1_resize

Иако Роџер Федерер веќе подолго време го нема во јавноста, како и на тениските терени поради закрепнувањето по операцијата, неговото име се наоѓа во локалните медиуми секој ден поради протестите што избувнаа деновиве во Швајцарија токму поради тенисерот.

Борците за екологија и заштита на животната средина носеа голем транспарент на почетокот на колоната со натпис „Роџер, разбуди се“.

4_resize

Тие протестираа затоа што Федерер одбива да го прекине спонзорството со компанијата чие  заштитно лице е,  а која не се грижи за еколошките стандарди и за климатските промени.

2_resize

На чело на колоната, луѓето носеа и рекети, а целиот транспарент беше направен на тениска мрежа, со голем број на пораки во кои се критикуваше швајцарскиот тенисер.

3_resize

Уапсени се и неколку активисти, а тие, како што пренесуваат агенциите, најавуваат нов протест за денес, на кој планираат да го заземат центарот на градот.

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top