Насловна / Архитектура / Продуцентот на филмот American Psycho гради куќа која потсетува на ѕвезда

Продуцентот на филмот American Psycho гради куќа која потсетува на ѕвезда

Chris Hanley е филмски продуцент уште од 1991 година, а нему му се припишуваат заслугите за познатите филмови  American Psycho и Spring Breakers. Иако филмската продукција заземала централно место во текот на поголемиот дел од неговиот живот, денес тој има уште една страст – иновативните домови.  Еден од таквите домови е „невидливата куќа“ која е обложена со огледало и има еден кат. Довршена е во 2019 година и потсетува на наопаку свртен облакодер. Куќата која неодамна ја изнајмила Деми Ловато, се простира на имот од 90 хектари во Џошуа Три во Калифорнија.

star house2

Сега се подготвува неговата трета иновативна куќа под името “Ѕвездена куќа“. Се состои од 21 бродски контејнер, а овој сосема необичен дом потсетува на ѕвезда која експлодира.

star house1

Лондонскиот архитект James Whitaker изворно ја проектирал куќата како  канцеларија за рекламен стартап во Германија, но тој проект пропаднал. Од 2017 година, соработува со Hanley на прилогадување на истиот дизајн. По три години, конечно е одлучено оваа година да започне изградбата.  Со цел да не се узурпира земјиштето, куќата ќе биде идигната над тлото со челични столбови. Внатрешноста на куќата ќе се простира на 2.000 квадратни метри. Hanley го замислил овој свој дом како креативен простор.  „Јога, медитација и пишување на сценарија се опциите, а танцот е приоритет“ рекол Hanley.

star house3

star house4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top