Подгоричкото комунално претпријатие „Депонија“, задолжено за управување со отпадот во главниот град на Црна Гора, го направи првиот чекор кон изградба на постројка за термички третман на отпадот. Претпријатието објави јавен повик за изработка на Студија за оправданост и изводливост за изградба на постројка за термички третман на комуналниот отпад на територијата на Подгорица. Оваа задача би требало да се изврши во согласност со барањата за одржливо управување со отпадот, циркуларната економија и европските стандарди во областа нa заштитата на животната средина.


Инаку, во регионот на Западен Балкан, постои само една постројка за производство на енергија од отпад и тоа во Белград. Користењето на отпадот како извор на енергија е легитимен елемент од хиерархијата за управување со отпадот. Вакви постројки има ширум Европа, но често граѓаните се противат на овој концепт, занeмарувајќи го фактот дека одлагањето на отпадот на депонии е сериозен ризик за животната средина.
Главната цел на Студијата е воспоставување на одржлив и економски оправдан систем за третман на отпадот, што ќе придонесе за решавање на проблемите со отпадот во Подгорица. Напоредно се бара и изработка на студија за оценка на влијанието врз животната средина, која ќе вклучува идентификација на потенцијалните влијанија врз воздухот, водата, почвата, мерки за нивно ублажување и мониторинг.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија