Насловна / Вести / Почнува 43. Меѓународен саем за градежништво во Белград

Почнува 43. Меѓународен саем за градежништво во Белград

Под слоганот „Златна гранка на српското стопанство“, од денес па до 23 април, во шест сали и на отворен простор на Белградскиот саем, ќе се отвори 43. Меѓународен саем за градежништво SEEBBE, на кој ќе се соберат најеминентните претставници на градежната индустрија.image001 (1)

Повеќе од 500 изложувачи од 30 земји и Србија ќе се претстават со сеопфатна понуда во сите области на градежништвото, а една од главните цели на настанот е градежништвото, градежните материјали и проектите да станат подостапни.

Така, изложувачите ќе ги претстават своите производствени капцитети низ сите сегменти на градежната индустрија: проектирање, високоградба, нискоградба, машини, опрема, материјали и алатки, информатичка технологија, најсовремени системи за градење, опремување на објекти и ентериери.

Овој централен настан во календарот на градежното стопанство и бизнис заштитен знак на Белград, е најпосетена саемска манифестација во Југоисточна Европа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top