Насловна / Вести / Изложба „Експеpиментален цpтеж“ на ДЛУМ

Изложба „Експеpиментален цpтеж“ на ДЛУМ

Утре (20 април) во Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје, ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да проследат интересни дела од ликовни уметници од земјата – членови на ДЛУМ.dlum

„Не остапувајќи од фактот што цртежот не е само составен дел од ликовната и применетата уметност, туку и од театарската, филмската и видео арт ументоста, повеќе од јасно е значењето на овој концепт на изложбата, кој целосно го напушта класичното. Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање, вклучувајќи ги притоа сите негови радикални трансформации“, информираат  од ДЛУМ.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top