Насловна / Вести / Почна изградбата на третата фаза од експресниот пат Велес – Штип

Почна изградбата на третата фаза од експресниот пат Велес – Штип

132350557

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска направи увид на почетокот на третата фаза на градежните работи на патот Велес-Штип, делница од Лозово преку Сарамзалино до Кадрифаково.

Третата фаза на овој пат во должина од 10,9 километри, во вредност од околу 7,5 милиони евра, треба да биде готова за 18 месеци односно  до април 2016 година. Според министерот Јанакиески, ако има поволни временски услови, ќе биде готова нешто порано од крајот на 2015 година.

132350558
Како што појасни министерот Јанакиески, првата делница е веќе завршена, втората што е до Лозово 30 проценти е веќе завршена, а на третата делница со 90 проценти се завршени земјените работи.

– Оваа делница има неколку црни точки, а со нејзина изградба двојно ќе се зголеми широчината од сегашните 6,5 метри на 11 метри, со тоа што дел од црните точки како овде каде што се наоѓаме, каде што возилата се движеа максимум до 40 километри на час, целосно ќе бидат избегнати овие црни точки. Со ова ќе се направи сосема нова траса каде што возилата ќе се движат со брзина од 80 до 100 километри на час, – појасни Јанакиески.

 

Испрати коментар

Scroll To Top