Насловна / Арт и дизајн / Почина сликарот Владимир Величковиќ

Почина сликарот Владимир Величковиќ

Еден од најголемите сликари од регионот и претставник на новата (модерна) фигурација, Владимир Величковиќ, почина вчера во 84. година од животот.

вел6
Роден е 1935 година во Белград. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград. Од 1962 до 1963 година бил соработник во Мајсторската работилница на Крсто Хегедушиќ во Загреб.

вел1

На биеналето на млади во Париз 1965. ја освојува главната награда и во 1966. година се сели во Париз, каде го поминува најголемиот дел од својата кариера. Избран е за професор на École Nationale Supérieure des Beaux-Arts во Париз во 1983. и на тоа место останува до 2000. година. Член е на Српската академија на наука и уметност од 1985. година.

вел7
Во декември 2005. година е избран за член на француската Академија за убави уметности (Académie des beaux-arts) во одделението за сликарство. Еден е од десетте академици на ова одделение, кое има историја долга два века.
Во април 2007. година Владимир Величковиќ е одликуван и со францускиот Орден на витез на легијата на честа.

вел4
Сликарски од кои учел и им се восхитувал биле Микеланџело, Дирер, Гоја, Рембрант.
Своите дела ги изложувал ширум Европа и Америка.

вввв

вел3

вел5

Испрати коментар

Scroll To Top