Насловна / Арт и дизајн / Почина Младен Стилиновиќ, еден од најважните европски современи уметници

Почина Младен Стилиновиќ, еден од најважните европски современи уметници

Младен СтилиновиќКако последица од тешка болест, минатата ноќ во Пула почина Младен Стилиновиќ (Белград, 1947), еден од најважните хрватски и европски современи уметници.стилиновиќ

Младен Стилиновиќ беше претставник на таканаречената нова уметничка практика и член на Група шестмина автори (1975 – 1979), составена од Владо Мартек, Борис Демур, Жељко Јерман, Свен Стилиновиќ и Федор Вучемиловиќ.on-work-installation

Еден е од главните автори на новата уметничка практика, на уметноста непосредно изложена на улица, на изложби-акции на улиците и плоштадите во Загреб, и уметник кој отворено го критикуваше галерискиот систем.

Стилиновиќ се занимавал со експериментален филм, а неговиот уметнички опус се состои од колажи, фотографии, слики, инсталации, филмови, видео дела.

Неговите дела се изложени во некои од најпрестижните музеи во светот.

Испрати коментар

Scroll To Top