Насловна / Архитектура / Новиот ексклузивен комплекс во Црна Гора ќе биде готов во 2017

Новиот ексклузивен комплекс во Црна Гора ќе биде готов во 2017

Станува збор за станови и апартмани, како дел од најновата луксузна дестинација во Црна Гора – „Портонови“, кои се во продажба од минатата недела.

Во големиот туристички ресорт на 26 хектари, се продаваат вкупно 133 станови и апартмани, кои ќе бидат завршени и подготвени за вселување во втората половина на 2017 година. Како што наведуваат од азербејџанската компанија Azmont Invеstment, луксузниот проект во вредност од 650 милиони евра е дизајниран на таков начин што Црна Гора ја прави привлечна за најизбирливите светски патници.portonovi02

Од вкупно 133 станови и апартмани, 89 се во делот наречен Lower Village, додека 24 се наоѓаат во делот Marinа.

Во рамките на комплексот ќе има 290 станбени единици, од луксузни вили, како што се градски куќи сместени во срцето на населбата „Портонови“ коешто дише со медитерански стил, стилизирани вили со градини и пентхаус станови со поглед на пристаништето.portonovi

Марината ќе има 220 сидришта за јахти и суперјахти. Кога ќе се изгради ќе биде едно од најпознатите природно заштитени пристаништа во регионот со одличен пристап до Јадранското Море и хрватските острови.

Главниот дел на пристаништето ќе биде Portonovi Yacht Club, наменет за членовите. Дизајниран за ексклузивна употреба на сопствениците на јахти, на него потпис става британското дизајнерско студио Winch Design.

Испрати коментар

Scroll To Top