Насловна / Архитектура / Почина архитектот Трајко Димитров

Почина архитектот Трајко Димитров

На 92  годишна возраст не напушти еден од доајените на македонската архитектура,Трајко Димитров.

Архитект Трајко Димитров е роден на 08.08.1930 година. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949 година, а дипломирал во 1956 година.

trajko

По дипломирањето се вработил во Зводот за станбена изградба во Скопје кој подоцна се трансформирал во бирото „Македонијапроект” и тука останал се до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990 година. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објакти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.

bazen

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

  • 1966 Борбина плакета, за пристанишната аеродромсака зграда „Скопје” во Петровец, Скопје.
  • 1973 Златна јубилејна плакета, за универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп.
  • 1981 Големата награда на БИМАС, за Универзалната спортска сала во Куманово.
  • 2003 добитник на наградата за животно дело Андреја Дамјанов  на Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ.

25-godini-andrej-damjanov-9

ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ОБЈЕКТИ

  • 1958 Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје.
  • 1962 Станбениот блок (П+5+По) на аголот на улиците „Ленинова” и “„Орце Николов во Скопје.
  • 1966 Пристанишната аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје,(со арх. Д. Димитров).
  • 1968 Природнонаучниот музеј во Скопје.
  • 1970 Кошаркарската сала „Работнички” во Скопје,(со арх. Ж. Гелевски).
  • 1973 Универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп.
  • 1973 Осумгодишното училиште „Гоце Делчев” во Кавадарци.
  • 1978 Покриениот пливачки базен „Младост” во Скопје.
  • 1979 Универзалната спортска сала во Куманово, (со арх. Ж. Гелевски).
  • 1986 Административно-деловниот комплекс „Палома Бјанка” во Скопје.

Редакцијата на Порта 3 го изразува своео најискрено сочувство.

Погребот е на 6 јануари, на Градските гробишта Бутел од 13 часот.

tr

paloma-bjanka

_DSC0267

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top