Насловна / Вести / Побарувачката на недвижности во Србија за шест години се намали за 50 отсто

Побарувачката на недвижности во Србија за шест години се намали за 50 отсто

nekretnine-1
Во Србија од 2008 година до денес побарувачката за недвижности е падната за 50 отсто, изјави денес за Танјуг претседателот на Управниот одбор на Кластерот за недвижности, Ненад Ѓоѓевиќ, истакнувајќи дека тоа е најголемиот проблем на српскиот пазар на недвижности и дека врз таквата состојба, покрај економскиот фактор, доста влијаел и неодговорниот однос на државата кон тој пазар.

Во истиот период, исто така, е опаднат и прометот со недвижности, за 30 до 40 отсто, и покрај значителниот пад на цените, рече Ѓорѓевиќ за Танјуг.

Тој забележа дека покрај последиците од светската економска криза, која ескалираше во 2008 година, малата платежна моќ на граѓаните на Србија да купуваат станови на кредит, не е главна туку секундарна причина за сè помалата побарувачка.

„На пазарот на недвижности најголем проблем е намалената побарувачка, која ја предизвика кампањата што веќе долго трае, а според која цените на недвижностите ќе паѓаат, дека има светска криза и др. Од друга страна, поради релативното зголемување на каматите на орочените влогови, на пример од 2009 до 2011 година, растеше девизното орочено штедење, и тоа меѓу 600 и 700 милиони евра годишно“, истакна Ѓорѓевиќ.

Според него, во Србија нема соодветни податоци за прометот со недвижности, поради непрецизните и неажурните податоци со кои располага статистиката, за разлика од Словенија или Хрватска.

На прашањето дали најавената масовна градба на евтини станови во Србија ќе влијае врз натамошниот пад на цените на недвижностите, Ѓорѓевиќ смета дека тој проект е добар за српската градежна индустрија, но не и за пазарот на недвижности, со оглед на тоа што сите ќе ги чекаат тие станови, а тие нема да бидат достапни за секого.

„Владата не ги постави јасно рамките за тоа, кого ќе го субвенционира со тие проекти – дали младите или државните службеници и други“, рече тој, додавајќи дека државата ќе се откаже од надоместот за уредување на градежното земјиште или надоместот за земјиште што „нема да биде фер од пазарен аспект“.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top