Насловна / Арт и дизајн / Платното „Мурал“ на Џексон Полок повторно достапно за јавноста

Платното „Мурал“ на Џексон Полок повторно достапно за јавноста

мурал од полок повторно пред јавноста_7
Во музејот „Гети“ во Лос Анџелес, од 11 март до 1 јуни годинава, ќе биде изложено монументалното дело „Мурал“ на Џексон Полок. Ова дело е насликано во 1943 година специјално за станот во Њујорк на славната колекционерка на современи уметнички дела Пеги Гугенхајм. Во последниве неколку години платното било на реставрација во музејот „Гети“ во Лос Анџелес, а сега е подготвено повторно да биде изложено на публиката. На ова дело ќе му биде посветена цела изложба, и тоа со причина. Всушност, многумина веруваат дека ова платно е едно од клучните дела на современата уметност. Полок имал само 24 часа да реализира слика на платно од 2,5 x 6 метри, а ова дело е едно од неговите последни дела, пред тој да стане познат со своето „акционо сликарство“.

мурал од полок повторно пред јавноста_5

Со ова платно ќе бидат изложени и некои други работи од апстрактниот експресионизам, како и резултатите од истражувањата. Кураторите се сигурни дека оваа изложба ќе фрли една сосема нова светлина врз творештвото на Полок.

мурал од полок повторно пред јавноста_6 мурал од полок повторно пред јавноста_4 мурал од полок повторно пред јавноста_3 Tom Learner and Alan Phenix examining Jackson Pollock's Mural.

Испрати коментар

Scroll To Top