Насловна / Вести / Пивот вратa коja ротира за 360 степени

Пивот вратa коja ротира за 360 степени

Компанијата Anyway Doors ја претстави новата пивот врата која, освен со својата површина од 5,5 квадратни метри, фасцинира и со начинот на функционирање.pivot vrata (4)

Всушност, оваа врата може да направи полн круг и тоа во која било насока. Заради ваквиот начин на функционирање, ќе биде мошне згодна за делење на простории и визуелно одвојување на амбиентални целини.pivot vrata (6)

Како што може да се види на фотографиите, вратата може да послужи и како room divider.

Погодноста на оваа врата е дека не постои поден фиксатор, како кај поголемиот дел од вратите од овој тип, пишува на сајтот Anywaydoors.pivot vrata (5)

Ротаричкиот зглоб може да биде поставен во централниот дел на вратата, но и спуштен до позиција на 1/3 од ширината на вратата. Исто така, подвижноста на вратата може да се ограничи на агол од 90 степени или да се ослободи во движење во полн круг.pivot vrata (3)

Стаклото кое е вградено во вратата е пет пати посилно од обичното стакло, и при евентуална оштета, распукнува на мали парчиња, кои и понатаму остануваат поврзани меѓусебно.pivot vrata (2)

Ваква пивот врата е одлично решение за поголеми куќи, канцеларии од отворен концепт или изложбени простори.pivot vrata (1)

Испрати коментар

Scroll To Top